Како да подготвите вкусна сахер торта?
Сигурни сме дека понекогаш тортата полна чоколадо е сè што имате на ум, па затоа ви нудиме едноставен рецепт како да ја подготвите. Уживајте во тортата полна чоколадо кога и да посакате.
Состојки:
- 150 гр шеќер
- 150 гр путер
- 200 гр чоколадо
- 10 јајца
- 150 гр брашно
- 300 гр мармалад од кајсии
- Малку сок од лимон
За глазура:
- 250 гр изрендано чоколадо за готвење
- 120 гр маргарин
Подготовка:
Десетте јајца поделете ги на жолчки и белки во различни садови. Жолчките изматете ги со миксер, а потоа ставете ги на тивок оган и додадете им го путерот и чоколадото.
Миксирајте ја смесата 2 до 3 минути и почнете постепено да го додавате брашното и изматените белки. Откако се заедно ќе измешате, истурете ја смесата во калап.
Корите печете ги на температура од 180 степени, околу половина час.
Долниот дел од пандишпанот премачкајте го со мармаладот и сокот од лимон. Откако ќе ја ставите и вториот пандишпан, повторете ја постапката.
Глазура:
Истопете го маргаринот на тивок оган и полека додавајте го чоколадото за готвење. Мешајте додека не добиете мазна, еднолична смеса, а потоа премачкајте ја тортата откако глазурата ќе се олади.