Коцки колачиња со кафе
За сите љубители на вкусот на кафето, имаме мало слатко изненадување. Едноставен рецепт како да уживате во вашиот омилен вкус се токму овие малечки коцкички кои можете да ги направите за околу половина час.
Состојки за тесто:
- 8 белки
- 200 грама шеќер
- 200 грама мелени ореви
- 4 лажици брашно
Припрема на тестото:
Белките и шеќерот миксирајте ги додека не добиете цврста пена, а пото лесно мешајте додека го додавате брашното и оревите. Печете на 180 степени околу 20 минути.
Состојки за кремот:
- 8 жолчки200 грама шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 150 грама маргарин
- 150 грама чоколада
- 1 децилитар кафе по желба
Подготовка на кремот:
Жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер добро измиксирајте ги, додадете го растопеното чоколадо, маргаринот и кафето. Заедно ставете ги на тивок оган и оставете ги да зовријат, со постојано мешање.
Кремот прелијте го преку колачот и оставете малку да се олади во фрижидер. Откако колачот ќе се олади исечете го на коцкички, а по желба може да го украсите со топено чоколадо и ореви.