Размислувања кои се променија со текот на годините
Сигурно се сеќавате како барем еднаш во животот рековте дека никогаш нема да готвите или дека секогаш ќе бидете неуморно вредни? Ние се потсетивме на неколку изговори и размислувања кои сигурно се промениле од детството до сега.
1. Никогаш нема да научам да готвам
„Нека си готви сам“, „Нека готви мајка и“, „Јас ќе си платам жена која ќе ми чисти и готви“ и сите останати варијации на овој тип на реченици на кои се потсетуваме додека испробуваме нов интересен рецепт се само првото размислување кое го променивме низ годините.
2. Никогаш нема да престанам да излегувам
Сигурни сме дека ова најчесто го кажувавте, како и сите останати. А тогаш станавте дел од љубовна врска и сфативте дека се помалку го цените алкохолот и гласната музика, за сметка на мирните вечери и вкусната храна.
3. Никогаш нема да бидам здодевен како моите родители
Се сеќавате кога родителите ви делеа памет (или барем вие така го нарекувавте), а вие вртевте со очите и едвај чекавте да излезат од собата? Во тие моменти помисливте дека ќе бидете сосема спротивни на нив, но како поминуваа годините гледате дека едноставно не можете да бидете опуштени и грижливи во исто време.
4. Секогаш ќе имам многу пријатели
Тоа беа времиња кога секој со секого беше пријател. Денес сме среќни ако имаме барем една добра пријателка или пријател. Времето и луѓето се променија. Нашите мајки и баби и ден денес имаат пријатели со кои ги делеле школските клупи, додека ние се трудиме да воспоставиме контакт со колегите од факултет кој пред неколку месец го завршивме.
5. Секогаш ќе имам време за себе
Ако под тоа разбиравте дека често ќе се гледате со пријателите, редовно ќе одите на козметичар, на шопинг и слично, се лажете. И самите сте свесни како ви изгледа еден ден во текот на неделата, но тоа и не е некој проблем. Сега сигурни сме дека повторно наоѓате ситуации кои ги започнувате со реченицата „Од сега никогаш повеќе нема да...“