Погледнете како оваа девојка се претвора во Витни Хјустон и Тоше Проески
Марина Мамич е самоука визажистка од Хрватска која не престанува да изненадува со своите трансформации. Со помош на сенка, руменило и туш за очи оваа девојка ќе ви покаже како да се претворите во која било светска ѕвезда.
За нешто повеќе од 5 минути Марина се трансформираше во поп иконата Витни Хјустон. Таа тврди дека за тоа и била неопходна многу часовна пракса, но сепак на крајот успеала.
Исто така, во чест на нашиот Тоше Проески и како подарок за неговите фанови таа ја изврши оваа не така едноставна трансформација. Марина признава дека уживала во оваа промена и со задоволство го отсликала ликот на Тоше.
Марина за само неколку минути успева да се претвори во Ријана, Бијонсе, Анџелина Џоли и уште многу други. Обидете се да ги препознаете личностите во кој е трансформирана.
А, ова е видеото како да се нашминкате доколку сакате да ги постигнете совршените црти на Моника Белучи.