10 правила за среќа

Кога луѓето ќе ги прашате што сакаат, обично на врв на листата се наоѓа среќата. Но, ретко кој знае како да си ја овозможи. Веруваме дека среќата е избор, умствена состојба и начин на живот.

10-pravila-za-sreka-01

Не постојат правила како да си обезбедите среќен живот, но затоа постојат други состојби кои ќе ве доведат поблиску до среќата. Ова се најважните 10:

1. Добро здравје. Телото ни е дадено за да се грижиме за него, да вложуваме во неговата издржливост и здравје. Затоа, доколку сакате да имате среќен и исполнет живот започнете да се грижите за своето тело.

2. Благодарност. Тоа е единствен начин да се усреќите себеси со она што го поседувате. Секој еден човек кој поседува повеќе благодарност отколку алчност е навистина среќен човек.

3. Не се оптоварувајте со малите нешта. Секако, малите нешта се убавината во животот, но тука зборуваме за помалку убавите. Имате топол кревет навечер? Имате љубов преку целиот ден? Имате доволно храна колку што ви треба? Се останато е помалку важно.

4. Надеж. Таа е двигателот на вашата среќа во животот, таа ги потиснува сите стравови и негативни мисли. Грижете се помалку, а надевајте се на повеќе. Единствено така до одбирате патот на среќата.

5. Простувајте. Посебно кога сте повредени. Животот е премногу краток за да се грижите зошто сте се изгореле. Простувајте и продолжете да ги правите убавините кои досега ги правевте, секогаш се наоѓа некој кој ги цени.

10-pravila-za-sreka-2

6. Дарежливост. Раката која дава секогаш има, добро го знаете тоа. Луѓето кои се среќни секогаш имаат што да понудат, а за тоа секогаш добиваат нешто кога најмалку очекуваат.

7. Интроспекцијата е прекрасна можност да ја исклучите сета галама и бучава околу вас и да се сконцентрирате на отчукувањето на вашето срце. Само тогаш ќе се пронајдете себеси и ќе разберете колку прекрасна личност сте.

8. Балансирајте во животот. Посебно балансирајте ги работите кои морате да ги завршите и нештата кои ве прават среќни и сакате почесто да ги правите.

9. Правете услуги, секојдневно. Без оглед дали за тоа е потребно само малку труд или пак многу повеќе, трудете се да им угодите на другите кога им е неопходно. Но, не заборавајте дека покрај тоа што туѓата среќа се зголемува, услугата треба да влијае позитивно и на вашиот живот.

10. Насмевнувајте се колку почесто можете. Животот е навистина краток, па затоа не пропуштајте да уживате во смеењето и да ги одбивате солзите и тагата. Дружете се со среќни луѓе, исполнувајте ги своите желби и задоволства, а за возврат нема да можете да ја симнете насмевката од лицето.

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg