15 интересни факти за соновите

Сонувањето е еден од најмистериозните процеси кои ни се случува во текот на животот.

15-interesni-fakti-za-sonistata-1

За време на римската ера некои од соништата биле доставувани до римскиот Сенат за нивна анализа и проучување, што значи уште одамна соништата се вреднувани како нешто најмоќно.

Тогаш се сметале за пораки од боговите и толкувачите на соништата често пати биле лидери во тоа време.

Во прилог на сложеноста на соништата, исто така е познато дека многу уметници својата инспирација ја добиваат во сонот.

Но, што всушност знаеме за соништата? Ова се 15те најинтересни факти кои сигурно ќе ве зачудат:

1. 90% од соништата ги забораваме штом се разбудиме
По само 5 минути откако сме сонувале нешто може да се разбудиме и речиси ништо да не запаметиме.

2. Слепите луѓе исто така сонуваат
Луѓето кои ослепеле по одреден настан најчесто сонуваат слики кои ги паметат. А луѓето кои се родени слепи не сонуваат слики, туку чувства како звуци, мирис, допир и емоции кои им создаваат целосна слика.

15-interesni-fakti-za-sonistata-2

3. Секој човек сонува, само што ретко кој се сеќава

4. Во соништата гледаме исклучиво ликови кои ги знаеме
Во текот на еден сон може да видиме милион ликови кои мислиме дека ни се непознати, а всушност некогаш сме ги виделе само не сме ги запаметиле.

15-interesni-fakti-za-sonistata-3

5. Не сите сонуваат во боја
Цели 12% од слепите луѓе сонуваат црно-бели слики.

6. Соништата се симболични, сè си има одредено значење но различна форма од реалноста
Соништата се разбивање на симболите и дознавање на вистинското значење исклучиво преку нив. Она што го сонувате никогаш нема да се случи потполно исто во реалниот свет.

15-interesni-fakti-za-sonistata-5

7. Негативните емоции се почести во текот на сонувањето, отколку позитивните
Вознемиреноста е најчеста емоција која еден човек ја доживува во текот на сонот.

8. Секој човек може да има 4 до 7 сонови во текот на една вечер
Или во просек, по околу 2 часа во вечерта сите сонуваме.

15-interesni-fakti-za-sonistata-6

9. Секое животно на планетава исто така сонува
Во многу истражувања извршени врз различни видови на животни докажано е дека секое живо суштество сонува додека спие.

10. Телото се парализира за време на сонот
Брзото движење на очите додека сонувате е типично за околу 20% од луѓето. При оваа состојба наречена РЕМ телото е парализирано, со цел телото да не се движи во согласност со случувањата во сонот. Но, не ретко се случува мозокот да е буден па движењето да се случи само неколку минути пред да се разбудите.

15-interesni-fakti-za-sonistata-7

11. Соништата ги создаваме сами
Секој сон се основа според некој звук или движење кое сме го забележале, само во соништата тие нешта ги модифицираме според нашата фантазија и замисла.

12. Мажите и жените сонуваат различно
Мажите сонуваат повеќе отколку жените и имаат поагресивни соништа.

15-interesni-fakti-za-sonistata-8

13. Соништа кои ја предвидуваат реалноста
Често пати се случува да доживееме таканаречено дежаву, кое сме сигурни дека претходно ни се случило. Постојат големи шанси дека тоа не сте го доживеале, туку сонувале. Се верува дека соништата често може да бидат и предвидување за иднината и случувањата кои допрва следуваат.

14. Ако ‘рчите тогаш не може да сонувате

15. Може да доживеете оргазам во сон
Не само што можете да замислите и сонувате секс во сонот, туку можете и да доживеете оргазам за кој сте несвесни. Оргазмите доживеани во текот на сонувањето често се проследени со допири и се појаки од оние кои ги доживувате будни.

15-interesni-fakti-za-sonistata-9

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg