Како марихуаната влијае на возењето? (видео)
Сега кога многу држави размислуваат за легализација на марихуаната, се поставува едно очигледно многу важно прашање – како ќе влијае марихуаната на возачките способности?
Си Ен Ен одлучи да спроведе контролен тест на марихуаната, преку тест возење во Вашингтон, каде што минатиот ноември е изгласана нејзина легализација.
Во ова видео се појавуваат три доброволци: жена која секојдневно користи марихуана, еден возач кој повремено користи марихуана на неколку дена и возач кој речиси никогаш не пуши.
Во возењето присутен бил и инструктор заради безбедноста на возењето, а покрај него квалитетот на возењето го проценувале припадници на сообраќајната полиција.
Во првиот дел од експериментот, возачите испушиле по околу 0.3 грама марихуана и седнале зад воланот. Возењето било потполно безбедно. Но, како што возачите го зголемувале количеството на марихуана, нивното возење станувало сè понесигурно.
Оние кои нередовно користеле марихуана полек а се откажувале од возење, заради свесноста дека не се способни за безбедно возење, додека редовната корисничка на марихуана се покажала како сигурен и внимателен возач без разлика на количеството.
Дури 1.4 грама марихуана било забележано небезбедно возење и заклучено е дека таа веќе не е способна, додека останатите се откажале по 0.9 грама марихуана.