Како да станете вистински џентлмен?

Во изминативе 50тина години џентлменството стана сè поретко, па затоа денес  често воздивнуваме за мажи кои живееле уште во минатиот век, само заради нивните манири.

od-moderen-maz-do-vistinski-dzentlmen-01

Многу мажи често мислат дека со тоа што се добри мажи спаѓаат во категоријата на џентлмен, што всушност не е правило. Да бидеш џентлмен подразбира многу повеќе од тоа да кажеш благодарам и те молам. Оваа карактеристика не е толку површна како што ја разбираат поголем број од мажите.

Да бидеш џентлмен значи да се гордееш со својата самодоверба, но воедно да покажуваш почит и за другите. Самодовербата и самопочитувањето во овој случај не вклучува мускулесто тело, трегери и цигара.

Како да станеш џентлмен бара многу учење и долгогодишна пракса. Такво нешто не се станува преку ноќ. Ако сакате да бидете индивидуа вредна за почит, личност која е полна со себе до степен да предизвикува восхит, обидете се да ги практикувате следниве неколку нешта.

- Никогаш не зборувајте како некој што не сте. Ако сте образувана индивидуа кој барем еднаш во животот посетила часови на кои се чита литература, не ја отворајте одма таа тема, не зборувајте на некој чуден сленг или пак со глас кој мислите дека е неодолив. На крај ќе изгледате смешно. Ако зборувате со својот природен глас тогаш ќе ја покажете својата мажественост и сигурност. Оставете впечаток дека сте горди на она што сте.

od-moderen-maz-do-vistinski-dzentlmen-1

- Слушајте додека другите зборуваат. Често имаме навика да се слушаме себеси додека зборуваме, без да ги сослушаме другите. Во потрагата за џентлеменот во вас ќе биде добро да се сетите дека и другите се многу важни, па затоа дајте им предност во разговорите и покажете почит. Што повеќе слушате, толку повеќе имате време да дадете соодветен одговор.

- Имајте манири. Не ја потценувајте важноста на учтивите зборови. Со тоа повторно покажувате почит и ја отфрлате себичноста како ваша особина. Исто така, покажувате дека имате искрена почит за сите во вашиот близок круг. Не се обидувајте да бидете лошо момче кое не е љубезно. Тие баш и немаат онаква моќ каква што мислите.

- Не се фалете премногу. Никој не сака маж кој без престан зборува за себе. Кога некој ќе ве праша како ви е на работа немојте одма да правите елаборат за тоа колку сте успешни и надарени.

- Не користете пцости. Потрудете се да не ви се случува често. Пцостите укажуваат на тоа како сте негативна, некултурна и несигурна личност.  Тие ја нарушуваат и вашата интелигенција, па затоа трудете се да избегнете сè што не ве прави вредни за почит.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg