Куќа која има сè што ќе посакате
Модерната резиденција Grand Bell House, на прв поглед изгледа како црно бел монолит разбиен со стаклени ѕидови, кои овозможуваат неверојатен поглед на околината.
Сместена е на 50 километри раздалеченост од Буенос Аирес и оваа фасцинантна куќа нема баш многу сличности со традиционалните архитектонски карактеристики со регионот во кој се наоѓа.
Едноставна со својот модерен изглед, контрастни бои и минималистичко уредување на ентериерот, со прозори од таван до под, првата карактеристика на оваа куќа е функционалноста во просторот.
Поделена е на две нивоа, кои ги делат приватните и заеднички простории. Спалната соба е сместена така што има прекрасен страничен поглед.
Секако, најдобриот дел на оваа куќа кој ја прави поразлична од останатите е базенот долг 19 метри, во кој можете да скокнете директно од дневната соба.
Grand Bell House изгледа како реална верзија на куќата од соништата.