18 идеи за дружење со вашите пријатели
Понекогаш колку и да сте забавно друштво, ви недостасуваат идеи каде да излезете и да си поминете одлично.
Ако сакате неколку предизвици и дружба која ќе ја запаметите, нашите предлози се следниве:
1. Одете во некој бар каде што никогаш не сте биле. Поминете си незаборавно и правете работи кои никогаш не сте имале храброст да ги направите. И онака којзнае кога следен пат ќе одите на тоа место и ќе ги видите истите луѓе.
2. Седнете кај некој дома и враќајте спомени од најчудните, најлудите или најсмешните моменти кои некогаш сте ги доживеале заедно.
3. Поделете го друштвото на два дела и водете смешна војна цел викенд. Војувајте со хуморот кој го поседувате.
4. Снимете краток филм за некое место кое сте го посетиле заедно. Враќањето на спомените е најубаво нешто.
5. Одете во ресторан или кафуле каде што знаете дека има час или два каде што работите се на половина цена. Нарачајте еден тон јадење и пиење, не се штедете, а потоа дегустирајте.
6. Одете во казино, но со однапред одредени средства за трошење. Окупирајте цела маса и забавата може да започне.
7. Една вечер посветете на Дизни цртаните. Ќе ве вратат во минатото, но овој пат ќе има многу поразлични перцепции на работите.
8. Одете во најблискиот отмен ресторан и дегустирајте многу вина и сирења.
9. Играјте игри кои сте ги обожавале во детството. Но, овој пат главната премија нека бидат коктелите или неколку мали шарени шотови.
10. Одете во најпријатното и опуштено кафуле и чувствувајте се како да сте дел од серијата „Пријатели“. Почувствувајте ја магијата на топло кафе и многу пријатели околу вас.
11. Одете на кратко патување блиску до градот, на неколку дена. Уживајте во утринските прошетки и вечерните забави во малку поразлична атмосфера.
12. Одете на кампување на некое интересно место. Уживајте во природата.
13. Пронајдете интересна ТВ серија која на сите ви се допаѓа и направете неколку часовен маратон, заедно со неколку пици и пива.
14. Претворете се во уметници, барем на еден ден. Извадете ги боите кои ги имате и потрудете се да направите некое уметничко дело заедно.
15. Седнете сите заедно и испланирајте кратко, забавно патување. Испланирајте ја секоја вечер за забава, купете билети и започнете со одбројувањето.
16. Одете на караоке. Стандардната вечер исполнете ја со многу пеење.
17. Волонтирајте заедно, направете некое добро дело без да профитирате.
18. Одете во забавен парк и уживајте во тепањето со балони со боја. Тој час ќе ви биде позабавен отколку стандардното домашно кафе.