Богатството на Мадагаскар
Прекрасна островска држава во Индискиот Океан на која тешко можете да и одолеете. Доволно е да погледнете само неколку фотографии од “црвениот...
...остров“ и веднаш ќе добиете желба да го посетите.
Главен град на Република Мадагаскар е Антананариво кој се наоѓа во самото срце на островот.
Климата може да се подели само на две годишни времиња - сезона на врнежи од јануари до април и сушна сезона од април до декември.
Просечната годишна температура е од 20 Целзиусови степени до 30 степени на крајбрежјето.
На островот живеат околу 5 проценти од сите животински и растителни видови на Земјата, но најпознати се лемурите. Ладовина ќе ви прават големите стебла баобаба, а дури 80% од животинскиот свет на островот е ендемичен.
Мадагаскар е независен од 1960 година, а службени јазици се малгашки и француски. Жителите се поделени во 20 сродни етнички групи од кои најбројни се Мерина, чиј јазик е основа за стандардниот.
Мадагаскар припаѓа во 20-те најсиромашни земји на светот, но сепак е богат со завидна природна убавина.