Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Поучна приказна за озборувањето која ќе ве научи како да се справите со „злобните јазици“

Мајка ми ми раскажуваше како се справила со пријателките што ја озборувале, со роднините што ја напуштиле, со другарката што ја изневерила... Поучна приказна за озборувањето.

pouchna-prikazna-za-ozboruvanjeto-zoshto-nikogash-ne-treba-da-se-raspravate-so-lugjeto-shto-go-pravat-toa-01.jpg

Секој од нас се нашол во ситуација да биде мета на озборувања. Па дури и да сте најсилната личност на светот, секогаш ваквите негативни коментари може да ве повредат.

Ако знаете дека спротивставувањето на озборувачите не е решение, тогаш што треба да се направи?

Ова е поучна приказна на која треба да се сетите секојпат кога ќе се најдете во таква непријатна ситуација:

„Мајка ми еднаш ми рече дека ѝ се случило да влезе во соба и да слушне како неколку нејзини пријателки ја озборувале, без да знаат дека и таа е таму.

Таа само одмавнала со главата, се насмевнала и си заминала.

Мајка ми исто така ми кажа и дека имала другарка што зборувала лошо за неа.

Мајка ми никогаш не ѝ кажала дека знае за тоа. Се насмевнала и заборавила на ова пријателство.

Таа ми раскажа дека имала и роднини кои одлучиле да се оддалечат од неа, затоа што таа застанала во одбрана на своите принципи. И затоа што престанала да прави сѐ што може за нив, додека тие не сакале ниту да мрднат со прст за неа.

pouchna-prikazna-za-ozboruvanjeto-zoshto-nikogash-ne-treba-da-se-raspravate-so-lugjeto-shto-go-pravat-toa-02_1.jpg

Се намевнала, одмавнала со глава и си заминала.

Ја прашав еднаш како можела само да си замине од луѓето што ја изневериле, а кои само се преправале дека ѝ се пријатели и роднини што ја сакаат...

Ми рече дека секојпат кога ќе се нашла на таква раскрсница, морала да одлучи кој е тој што ќе го продолжи патувањето со неа.

Ова ѝ покажало кој не може да продолжи понатаму со неа.

Затоа ми рече дека никогаш не треба да се лутам на луѓето што ме изневериле, дури и ако тоа се пријатели или роднини.

Само гордо поклони се и уживај го патувањето со новите луѓе, што ќе ги заменат старите“.

pouchna-prikazna-za-ozboruvanjeto-zoshto-nikogash-ne-treba-da-se-raspravate-so-lugjeto-shto-go-pravat-toa-03_1.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg