Ни фали култура за користење на ескалатори
Ако сте имале можност да прошетате барем низ Европските градови, сигурно сте забележале дека луѓето имаат култура на движење по улиците без да се туркаат, но и за стоење – одење на ескалатор.
Додека кај нас, ако ти се брза, одиш по фиксните скали, во сите културни градови, оние кои стојат на ескалаторите се наредени еден позади друг на десната страна, за сите кои брзаат да можат да одат по левиот дел од ескалаторот.
Ова се неколку правила, како да се однесувате кога ќе одберете движење со ескалатор:
Немојте да:
- Немојте да стоите еден до друг со пријателот, го блокирате движењето
- Не го качувајте велосипедот со вас
- Ако имате торби или куфер не го блокирајте движењето. Ставете ги пред вас.
- Не се лизгајте по држачите
- Не застанувајте на крајот од ескалаторот за да се закопчате или да си ја врзете врвката.
- И, многу често видено кај нас, деца кои се обидуваат да се качуваат на ескалаторот кој води надоле и обратно.
Дозволено и правилно користење:
- Ако се движите и брзате, движете се од левата трана.
- Ако стоите, стојте на десната страна
- Чувајте ги торбите на страна од делот за движење.
- Насмевнете се! Дозволете машината да си ја врши работата како што треба!