5 знаци дека сте во отровно пријателство
Правите пријатели би требало да бидат до вас и во добро и во зло. Но, забележувате како таквиот вид на пријатели сè повеќе изумира?
Тешко е да го прекинете долгогодишното пријателство, но доколку се чувствувате искористено, размислувајте како да ја промените таа ситуација.
Препознајте ги петте најчести знаци дека сте во отровно пријателство на кое мора да му ставите крај
1. Наместо да ви биде потпора, таканаречената ваша пријателка редовно ве критикува и ви наоѓа недостатоци. Таа постојано ја осудува секоја ваша постапка и никогаш нема време за вашите проблеми или пак кога има, ви се смешка како да се насладува.
2. Во ваше друштво зборува едно, а штом се завртите започнува друг вид на разговор. Најважно и е да биде во центарот на вниманието, па дури и по цена на вашето омаловажување.
3. Нема време за дружење, ниту пак за телефонски повик, а за недостатокот на време постојано има изговори. Ако сте вие онаа која постојано иницира кафиња и излегувања, морате да ја промените тактиката.
4. Со неа тешко ви е да процените што е вистина, а што лага. Во таквата ситуација наједноставно е да бидете искрени. Јасно кажете дека ги препознавате нејзините лаги, па затоа подобро би било да престане.
5. Нејзиното однесување е деструктивно, до степен каде што ве уништува и вас. Ако нејзиниот живот е здодевен и уништувањето на туѓите шанси и е единствена забава, треба да стоите што подалеку од таквата личност.