Сноубординг - идеален зимски спорт
Сноубордингот е идеален зимски спорт кој може да ви помогне да се рекреирате и да вложите малку повеќе физичка активност, која пред сè ќе ви се чини забавна.
Овој спорт вклучува елементи од сурфањето и скијањето, а е идеална активност заради времето кое го поминувате на отворено, на чист воздух.
Ова се главните предности на сноубордингот доколку знаете како да уживате во него.
Го подобрува расположението
Сноубордингот е меѓу ретките спортови кои на организмот му влијаат позитивно, така што му помагаат да лачи ендорфин – хемикалија заради која се чувствуваме позитивни, среќни и чувствуваме помалку болки во телото. Редовното практикување на овој спорт помага против депресија и несоница, опушта и ни овозможува добро расположение.
Ментално здравје
Многу физички активности, меѓу кои е и овој спорт, ни помагаат во зајакнувањето на концентрацијата, зголемување на интелегенцијата како и одржувањето на меморијата.
Против стрес
Стресот е нормална појава кај повеќето луѓе, така што овој спор може многу да помогне за релаксација и борбата против стрес. Активноста на која што се посветувате ви помага да заборавите на секојдневните нервози и стресни ситуации, барем на неколку часа.
Одлична вежба на телото
Овој зимски спорт е одличен заради согорувањето на големо количество калории во текот на само неколку часа. Оној кој се бави само рекреативно со овој спорт согорува околу 450 калории во текот на еден час, па затоа сноубордингот е одличен за намалување на тежината, како и за јакнење на издржливоста.
Рамнотежа на телото и флексибилност
Сноубордингот е спорт кој бара голема рамнотежа во текот на активноста, така што се зајакнуваат сите мускули. Флексибилноста е зголемена заради начинот на кој управувате со даската, исто како и чувството за рамнотежа.