Нахранете го вашето милениче преку смартфон
“Pintofeed” е уред кој може да го контролирате, поточно да наполните со храна со само едно притискање на вашиот смартфон. Со текот на времето машината ќе ги запомни вашите наредби и ќе ги претвори во секојдневна рутина на вашето милениче.
Досега ова е прв ваков уред кој можете да го контролирате каде и да сте, без да се грижите дали вашето домашно милениче е нарането на време.
Одлично се вклопува во сечие секојдневие, бидејќи сега навистина е проблем да воспоставите редовна исхрана со оглед на обврските и отсутноста од домот.
Поврзан е со вајрлес, преку кој всушност ракувате, и со само едно притискање на вашиот смартфон “Pintofeed” испушта една осмина од количеството на храна која ја собира во него, што се смета за идеална мерка.
Кога вашиот миленик ќе заврши со оброкот, ќе примите известување, како и за сите останати можни технички проблеми.
“Pintofeed” сè уште не е пуштен во продажба, но се очекува во текот на оваа година по цена од 99 долари.