Успешноста на активностите во текот на неделата
Добро е познато дека постои право време за сè, па така секој ден во неделата има своја најдобра и најлоша страна.
Според голем број на истражувања, поделеноста на активностите по денови изгледа вака:
Понеделник е најлошиот можен ден за нарачување на храна. Се смета дека викендот е време кога се набавуваат нови количини на храна, сè до понеделникот. Но, позитивната страна на понеделниците е тоа што се смета за најпогоден ден за купување на мобилен телефон или пак камера. Процентуално, попустите се најчести во првиот ден од неделата.
Вторникот е денот кога треба да организирате дружење надвор од домот. Идеален е за вечера во ресторан, бидејќи состојките се свежи, а исто така и на вашите пријатели најмногу им одговара прошетка токму во вторниците.
Покачување на платата најдобро е да барате во среда. Истражувањата покажале дека дури 70% од луѓето кои побарале покачување на платата во овој ден од неделата, ја добиле без многу објаснувања. Средата е исто така совршен ден за шопинг, бидејќи има најмалку гужва, особено во вечерните часови.
Четврток е ден создаден за секс, посебно во утринските часови. Пред крајот на работната недела стресот расте, а со тоа и потребата да ги зголемиме своите задоволства.
Петокот е создаден за продавање на недвижностите. Потенцијалните купувачи најчесто се решаваат на овој чекор кон крајот на неделата, непосредно пред викендот. Затоа, следете ги во чекор.
Како што е веќе познато, викендот е наменет за одмарање и дружба. Саботата и неделата се денови прогласени за одмор и уживање во слободните активности. Спијте подолго, дружете се со пријателите и полнете ги батериите така што ќе имате повеќе ентузијазам за претстојната недела.