Зимски десерт: Пире од костени
Ако сте љубител на костени,тогаш сигурно омилен десерт ви е слаткото пире кое можете да го направите многу брзо и едноставно.
Доколку никогаш не сте имале храброст тоа да го изведете, можеби овој краток рецепт ќе ве разубеди.
Потребни состојки:
- 1 кг костени
- 1 лажица шеќер
- 100 гр путер
- половина шолја млеко
- арома по желба
- шеќер во прав
- шлаг
- чоколадо
Подготовка:
Костените засечете ги и варете ги околу 20тина минути во засладена вода. Откако ќе се сварат, излупете ги. Добиената смеса испасирајте ја, додадете и топло млеко, арома и растопен путер.
По вкус додадете шеќер, во зависност од тоа колку се слатки костените. Сето тоа добро измешајте го и распоредете го во интересни стаклени чашки.
За декорација искористете го шлагот, чоколадото и шеќерот во прав. По желба, можете и да растопите чоколадо и да го додадете во самата смеса.
Уживајте во најубавиот зимски десерт!