Направете сами: Нов сјај за старите зимски парчиња облека
Темните бои, едноставните комбинации без никаква свежина и детали често знаат да ја предизвикаат зимската модна монотонија.
За да ја разбиете во само неколку чекори, потребни ви се парчиња облека, накит и неколку додатоци кои мислите дека се малку здодевни за носење.
Потоа, ви нудиме повеќе начини како да ги украсите со светки, монистри и најразлични материјали кои ќе им дадат сосема нов изглед.
Разубавете ги чевлите со големи монистри – Залепете ги кај почетокот на штиклата
Украсете ја едноставната алка – Залепете неколку големи монистри и на врвот на алката, интересно распоредени
Направете светкави хулахопки – Просипете светки низ обичниот пар хулахопки и испрскајте ги со лак за коса
Ланче со големи циркони – На безбојна подлога залепете големи циркони, а потоа закачете синџирче
Светкава плик чанта – Откако ќе ја обложите со течен лепак, пропрскајте многу светки и залепете ги внимателно со сунѓерче