Во животот престанете да...
Има нешта кои се можеби потешки да престанеме да ги правиме, отколку да ги практикуваме секојдневно. Пробајте да се одвикнете од следниве неколку навики кои само го кочат вашето секојдневие и вашиот напредок.
Престани да бегаш од своите проблеми – Соочи се со нив. Тие се само твои проблеми и никој друг не може да ги реши. Всушност, тоа е целта на животот, да се соочиш со нив и да извлечеш некаква поука од сето тоа.
Престани да се лажеш самиот себе – Може да лажете кого сакате и мислите дека треба, но немојте да се лажете себе. Најмалку што можете да направите во животот е да видете искрени самите кон себе.
Престанете да ги запоставуваш своите лични потреби – Најважно е да не се изгубите себеси во оваа приказна наречена живот. Во ред е да им помагате на другите, но никогаш не ги заборавајте своите приоритети.
Престани да бидеш некој кој не си – Еден од најголемите животни предизвици да се најдеш самиот себеси и да се надградуваш. Некој секогаш ќе биде поубав, поуспешен, но никогаш никој нема да биде ТИ.
Престани да бегаш од минатото – Соочи се со него и продолжете напред. Не можете да го започнете следното поглавје без да го оставите она претходното.
Престанете да се плашиш да не направиш грешка – Стравот од грешките е всушност најголемата грешка во животот. Секој успех или неуспех доаѓа со шансата која сте ја уловиле. Ако се плашите и ги пропуштате шансите, ќе останете само со бројни неуспеси.
Престани да мислиш дека среќата може да се купи – Многу работи кои сакаме во животот се скапи, но вистина е дека оние неопходните се бесплатни – љубовта, смеењето и страста спрема она што го сакаме.
Престани да се надеваш на другите – Ако не сте среќни сами со себе, никогаш нема да бидете среќни со другите. Не ја очекувајте среќата како производ од нечие присуство.