Сличности меѓу жените и компјутерите
Сте се запрашале некогаш кои се карактеристиките на двете неопходни нешта во животот? Што имаат жените, а компјутерите не? Или обратно?
Можеби не знаеме кои се нивните разлики и недостатоци, но затоа ги знаеме нивните сличности.
Ова се едни од главните:
- Само што сте се одлучиле за една конфигурација, нова подобра и поефтина ќе се појави.
- И двете изгледаат привлечно и атрактивно, сè додека не ги донесете дома.
- Само нивните творци знаат што е тоа внатрешна логика.
- Дури и најмалата грешка во при ракувањето доведува до целосен колапс на системот.
- Јазикот со кој се користат е сосема неразбирлив за останатите суштества.
- Не ја исполнуваат ни најмалата желба или молба, без да прашаат дали тоа е тоа што навистина го сакате.
- Кога едните ќе објават „програмата, или датотеката не е пронајдена”, другите ви кажуваат „кога веќе не сакаш да ме разбереш, воопшто нема да разговараме”, што му доаѓа исто.
- И двете бараат неверојатно долго време за извршување на подготвителните работи, пред да преминат на главното.
- Најпрвин собираат премногу непотребни информации. Потоа, темелно и точно ги категоризираат, а на крај, кога навистина ќе ви затребаат, нема да успеете да ги најдете.