3 топли напитоци за ладните денови
Три многу едноставни, но вкусни топли напитоци кои ќе ве загреат вас и вашите најмили на овие ниски температури и да ви ја вратат изгубената енергија.
Банана пунч кој ќе ве загрее
Состојки:
- 150мл сок од банани
- 2 лажици кафеав шеќер
- ¼ цимет стапче исечкано на крукчиња
- ½ портокал
- 40мл рум
- парчиња банана
Сокот од банана варете го заедно со кафеавиот шеќер и цимет. Тргнете го од огин и оставете малку да се олади. Исцедете го половината портокал. По желба додадете рум и парчиња банана.
Зимско кафе кое ќе ве ослободи од стресот
Состојки:
- 50гр чоколадо за готвење
- 300мл млеко
- 1 лажица кафеав шеќер
- ½ лажичка цимет во прав
- 1 лажичка инстант кафе
- 200мл крем\шлаг
Загрејте го млекото, а потоа додадете го чоколадото за готвење додека не се стопи. Додајте ги и шеќерот и циметот и садот вратете го на оган. Варете го измеѓу 5 и 10 минути, мешајќи постојано. На крајот, додадете го кафето и промешајте уште 1 минута. Додадете ја крем пената и измешајте. Декорирајте со преостанатата крем пена, рендано чоколадо или цимет. Кафето служете го топло, во големи филџани.
Енергична лимета
Состојки:
- 10мл сок од лимон
- 20мл сируп од лимон
- 40мл бел рум
- 12мл сок од брусница
- неколку свежи брусници
- цимет во прав
Сварете ги соковите од брусница и лимон, заедно со сирупот од лимон. Откако ќе ја тргнете од оган, на течноста додајте и го румот. Декорирајте со свежи брусници и цимет во прав.
Подгответе, споделете и уживајте!