Нијансирани ѕидови - весел новитет во ентериерот
Нијансираниот Омбре тренд го видовме насекаде низ модните парчиња и комбинации, но овој пат во ентериерот делува малку поинтересно и засега оригинално.
Всушност, Омбре стилот е прогресија на боите од најтемните до најсветлите нијанси. Во зависност од светлината на боите и нијансите тој може да делува модерно, драматично или смирувачки.
Нијансираните ѕидови се одличен избор за впечатлива декорација, па затоа никако не одат во комбинација со премногу ѕидни декорации или пак сувенири, полици и книги.
Во ходникот, дневната соба или кујната одлично изгледаат малку посветли, смирувачки нијанси, додека спалните и детските соби се создадени за нијансирање на смелите и весели бои.