Големата приказна за возовите
На оваа површина е прикажано патувањето со воз од Сиетл, преку Вашингтон и неколку други мали места, па сè до Чикаго – патување од 3500 километри.
Идејата зад ваквиот потфат било да се едуцираат луѓето, особено младината, за улогата која ја игра железницата во секојдневниот живот.
Во оваа макета се наоѓаат 192 рачно изработени модели на градби и природни обележја, како познатите Willis Tower, Chicago Board of Trade Building, Union Station Chicago; Seattle’s Space Needle, Experience Music Project и King Street Station.
Макетата е толку автентична што помеѓу градовите ги покажува сите познати објекти за јавноста- тунели, водопади, познати планини и што уште не.