Колку често се запрашувате...
Колку често се прашувате себе си: „Што е она што навистина го сакам?“, или „Што е она што ме прави среќен/а?“
Можете ли да се сетите на момент со своето семејство, или пријателите кога не ви било ништо друго важно освен постоењето во тој момент?
Можете ли да се сетите кога последен пат сте си рекле себе си:
Јас сум интелигентен/на,
Јас сум креативен/на,
Јас сум мудар/ра,
Јас сум моќен/на,
Јас сум полн/а енергија,
Јас сум здрав/а,
Јас сум среќен/на!
Дали сте се запрашале како би изгледал разговорот со самите себе кога би имале 99 години? Каков совет би си дале себе си кога ќе имате 99 години?
На што би требале да се сконцентрирате сега, како да го проживеете животот за да биде исполнет со спомени вредни за памтење?
Што би требале да правите за да оставите позитивни траги во следните години?
Одморете понекогаш, поставете си ги важните прашања, затоа што потоа останува само каењето...