Кој се крие зад Фејсбук и Твитер профилите на ѕвездите?

Оливер Лакет е човекот кој е задолжен за постовите на познатите личности на профилите на социјалните мрежи, за фотките, видео снимките, духовитите коментари...

koj-se-krie-zad-facebook-i-twitter-profilite-na-zvezdite

Ако ја следите Ријана, Том Хенкс, Шарлиз Терон на Фејсбук, или Твитер, сетете се дека зад сите нивни досетки стои токму Оливер – нивното алтер его.

Оливер Лакет има 38 години и кога не лудува низ Лос Анџелес во својот „Астон Мартин“, тогаш обиколува различни точки на планетата.

Пред 2 години дал оставка во компанијата „Волт Дизни“ каде се грижел Пепелашка и другите цртани јунаци да бидат присутни на социјалните мрежи. По ова, ги презема пејачите и актерите во компанијата „The Audience“.

Негови клиенти се Марк Валберг, Шарлиз Терон, Ријана, Том Хенкс, Џек Блек, Еди Марфи, Хју Џекман, Питбул и ЛМФАО – што би значело дека зад Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Гугл+ на овие ѕвезди се крие токму Оливер.

Еве го и рецептот како “The Audience” заработува милиони. Филмските и музичките студија плаќаат за спонзорирани постови – „Универзал“ плати за на ѕидот на Марк Валберг да се објави материјал од филмот „Тед“. Кога позната личност како Шакира преку социјалните мрежи ќе продаде нешто (апликација, маици и сл.) Лакет го добива своето парче од колачот.

Британскиот комичар Расел Бренд вели дека “The Audience” помага да му се распродадат настапите. Тие го советуваат за турнеите кои се планираат врз база на тоа од каде доаѓаат најголем број од неговите фанови.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Мит или вистина: Дали патниците со црвени куфери најдолго чекаат на аеродром? Според виралното видео кое е објавено на социјалните мрежи и стана хит во сите с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg