6 начини како да отворите пиво без отварач
Момците од тимот на „Household Hacker“ објавија ново видео на кое ви покажуваат како на шест различни начина да отворите пиво без отворач, но и без да ги оштетите рабовите од вратите или мебелот.
Иако дел од нив веќе ги знаете и потребата ве натерала да испробате нешто, па дури и да откриете сами, тука навистина ќе најдете корисни совети.
Меѓу „креативните“ начини ќе откриете како да го направите тоа со помош на клучевите од вашиот автомобил, или како да отворите пиво со банкнота од еден долар, иако за тоа кај нас ќе треба да жртвувате најмалку 50 денари, па дури и како да отворите пиво со помош на ... друго пиво.
Колку и да звучи ова непотребно, сетете се само колку пати сте биле некаде на излет или кога сте немале отворач и ви затребало да отворите пиво, но мајка ви или сопругата ве карале дека сте ги оштетувале рабовите на вратите, прозорците или фиоките.