10 работи кои треба да ги направите до крајот на годината
На почетокот на секоја година сигурно си правите планови и листа со очекувања.
За на крајот на оваа година да немате чувство дека уште 365 дена ви поминале залудно, сè уште имате време да ги направите овие 10 предлози:
1. Направете промена во изгледот. Необична фризура е доволно. Или обидете се да наметнете некој нов моден тренд. Луѓето ќе ве следат ако го носите со самодоверба.
2. Пробајте храна која не сте ја пробале до сега. Мексиканска, кинеска, арапска, јапонска, или можеби некој наш специјалитет кој сте го избегнувале намерно?
3. Посетете некое ново место. Село, полјана, планина...
4. Запишете се на забрзан курс – по танцување, странски јазик, кик бокс...
5. Почнете да вежбате. Да, да – доцните, ама уште имате шанса да се вратите во форма до Нова Година.
6. Посетете го www.guinnessworldrecords.com и пронајдете некој рекорд кој можете да го срушите. Сигурно постои нешто во што сте доволно добри.
7. Откажете се од телевизорот, а научете да зготвите нешто.
8. Вдомете куче, или маче. Овие суштества ќе ви бидат шлагот на крајот на годината.
9. Јавете се на пријателите со кои не сте се виделе годинава. Напијте се кафе. И нека биде тоа подалеку од Фејсбук.
10. Направете некоја промена во домот. Ставете тапети. Офарбајте некој ѕид. Купете нови перничиња.