За мрзливи мајки: облечете го бебето да гланца подови
Што ќе ви правосмукалка, рекоа Американците и измислија беби моп! Еколошки, евтин и не троши струја.
На рацете и нозете на бебешко комплетче се сошиени реси со кои бебето го гланца подот и ја собира прашината додека лази низ домот.
Мопот чини околу $40 долари, а инспирација за оваа американска креативност е сличен изум дело на Јапонци.
На сајтот на кој се продава овој нов производ стои реклама со следната содржина:
„Научете го своето бебе напорно да работи од првиот ден во животот, истовремено учејќи го да не фрла храна по подот. Бебето благодарение на овој производ ќе вежба, ќе троши вишок енергија, ќе има посилни мускули, а и ќе спие подобро.“
За еден месец продадени се околу 100 парчиња. Што мислите вие за ваквиот изум?