Како да подготвите вкусно Irish Coffee?
Приказната вели дека Ирското кафе е измислено на пристаништето Шанон, кога група американски туристи биле затекнати во ладната зима, 1940 година, и барменот во обид да ги загрее им ставил малку виски во кафето.
Оттогаш започнала традицијата на ирски топли пијалаци каде во разни кафиња се додавале разни алкохолни додатоци. Но, едно е легендарното Ирско кафе.
Оние кои уживаат во него велат: „Алкохолот не смеат да го пијат лица под 21 година, но во комбинација со кафе, Ирско кафе, тоа е унисекс пијалак наменет за секоја возраст.
Еве што ви треба за да направите оригинално Ирско кафе, иако се разбира ако се потрудите да експериментирате може да добиете уште поубав вкус.
Состојки:
- 1 лажичка ирско виски
- 1 лажичка кафеав шеќер
- 170 мл топло кафе
- крем шлаг
Начин на подготвување:
- Комбинирајте го вискито, шеќерот и кафето во шолја и промешајте го додека се раствори. Потоа, нежно поставете го шлагот врз кафето, но не мешајте.
Вашиот пијалак е подготвен!