Неверојатните кули гаражи на Volkswagen
Во Волсбург, Германија, се наоѓаат интересните катни гаражи за автомобили, а она што ги прави интересни и мошне атрактивни е фактот што тие се всушност облакодери.
Во нив, меѓу другото се наоѓа музеј на стари модели на Volkswagen, кино, центар за корисници од каде што новите сопственици можат да ги подигнуваат своите автомобили, па компанијата дури организира и мала тура низ овие две чуда.
Секоја кула е висока 60 метри и собира 400 автомобили, а и двете кули се поврзани со фабриката Volkswagen преку подземен тунел долг 700 метри, кој преку робот ги транспортира новите автомобили до своите нови купувачи.
Посетителите можат да ги истражуваат кулите преку лифт од стакло кој овозможува панорамски поглед врз фабриката на Volkswagen и околината на Волсбург.