За пријателството и навредите
Си било едно дете кое било многу лошо. Татко му му дал една вреќа шајки и му рекол секогаш кога ќе побесни или изгуби контрола, да закова една шајка во оградата.
Првиот ден детето заковало 37 шајки. Во текот на следните неколку месеци тоа научило да го контролира својот бес и бројот на заковани шајки се намалувал. Открил дека е полесно да се контролира отколку да кова шајки во оградата.
Најпосле дошол ден кога детето не заковало ниту една шајка во оградата.
Отишло кај татка си и му кажало дека тој ден не побеснел.
Тогаш татко му рекол:
- Секој ден кога ќе успееш да го контролираш своето однесување извади од оградата по една шајка.
Деновите поминувале и еден ден детето дошло кај татка си да му каже дека ги извадило сите шајки од оградата.
Таткото го зел за рака и го однесол кај оградата.
Тогаш му рекол:
- Добро го напави тоа синко, но погледни ги сите тие дупки во оградата. Оградата повеќе никогаш нема да биде иста.
Кога во бес ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузна, како сите овие дупки во оградата.
Можеш човек да избодеш со нож и да го извлечеш ножот, но потоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, раните остануваат.
Вербалната рана е исто толку болна колку и физичката.