Вкусно кафе по рецепт на Старбакс

Есента е вистинско време да експериментирате со стандардните рецепти, а кафето е најлесниот напиток кој можете да го направите по свој вкус, со свои состојки.

vkusno-kafe-po-recept-na-starbaks

Доколку сте љубител на познатото лате од тиква кое на пазарот го проби “Старбакс”, еве еден рецепт како да го направите истото во домашни услови за само неколку минути.

За една чаша лате од тиква потребни ви се:

  • 100 мл. млеко
  • 2 лажици конзервирана  или свежо печена тиква
  • 2 лажици шеќер (по вкус)
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 2 лажички сируп од тиква (по вкус)
  • 1\4 чаша еспресо или веќе направено инстант кафе


Во еден сад измешајте ги млекото, тиквата и шеќерот и ставете ги на средна температура неколку минути. Откако смесата ќе се соедини, додадете го екстрактот од ванила и сирупот од тиква и измешајте во блендер.

Млекото кое го изблендиравте заедно со тиквата, истурете го во ниска стаклена чаша или интересна шолја. На врвот додадете го претходно приготвеното кафе и декорирајте со пена и цимет.

За помалку од 10 минути имате вкусно и необично кафе со кое ќе ги изненадите своите најблиски, а и себе си. Уживајте!

Би можело да ве интересира:

Чекор по чекор: Направете лампи од тикви за Halloween (без да се повредите) Користете притискачи за ѕид за да си ја олесните работата. Кога го правите дизај...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
18 ѕвезди кои ќе изгледаа невпечатливо ако наместо сини имаа кафеави очи (фото) Од Бред Пит, преку Бредли Купер до Мајли Сајрус - како ќе изгледаа познатите со ...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg