Апартман со награден ентериер
Лани, овој апартман ја освои првата награда на шоуто за внатрешен дизајн во Малезија, а главни карактеристики се преубавиот отворен ентериер, како и базенот во средина.
Неговите креатори го опишаа како: „Обид за модерно усогласување на мебелот во традиционален стил со елегантен, но и смирувачки карактер“.
Дневната соба е уредена во опуштен стил, но со остри и јасни линии, кои на тукашните жители им даваат чувство на опуштеност (дом), но и јасно нагласуваат за што е наменета оваа соба - разграничување, карактеристично за тој народ.
Се разбира, друга попозната карактеристика за овие народи е и доминација на дрвото како елемент, па така од сликите можеме да заклучиме дека тоа е присутно речиси во секоја соба.