Девојката со бркови и брада возврати на исмевањето
Фотографијата од девојката со брада која некој ја сликал и поставил на порталот Reddit во рубриката „смешно“ за само неколку дена доби неверојатен број коментари кои ја исмеваат.
На сликата е Балпрет Каур, студентка на Универзитетот во Охајо, која сонува еден ден да спасува животи како неврохирург, а без свое знаење преку ноќ стана хит на интернет.
Каур стана предмет на исмејување заради своите бркови и брада, па реши на сите да им одговори.
- Не ми е непријатно, ниту пак се чувствувам понижена заради негативните или позитивните коментари, затоа што тоа сум јас, и сум таква каква што сум. Да, јас имам брада и бркови и свесна сум дека често мислат дека сум машко. Но, јас сум крстен Sikh и тие веруваат во светоста на своето тело. Тоа е дар кој сме го примиле од божество и мора да остане недопрено. Што е до мене, моето лице не е важно. Важна е насмевката и среќата позади него. Се надевам дека се ви објаснив и се извинувам што направив збрка. – нагласила Каур.
Додала и дека е свесна дека и онака на крај ќе се претвори во пепел па затоа се важни нејзините дела и мисли кои ќе останат зад неа.