Горане, врати ми ги парите!
Фејсбук, освен што служи да останеме во контакт со пријателите од цел свет, да бидеме во тек со новости и настани од земјата и странство, да го користиме за маркетинг услуги, богами служи и за наплаќање на долговите.
Наидовме на можеби најинтересниот профил на Фејсбук (а, ги има многу) - Gorane Popovicu vrati mi pare.
Колку што можевме да сфатиме од постовите, Горан Поповиќ од Нови Сад, му должи на кумот 12.000 евра кој му ги позајмил на три месеци без камата.
Но, поминале 2 години од тогаш, а кумов сè уште нема добиено ни динар. Човеков се решил со помош на лајкови од Фејсбук да проба да си ги врати парите.
„Не само што не ми ги враќа парите, туку низ град ми се смее во лице, со моите пари им отвори пицерија на децата и пие скапи пијачки по кафани. За 12.000 евра ја работам повеќе од една година и очаен сум!“
Повеќе, погледнете на следниот линк.