Апартман на поткровје во Стокхолм
На 47 метри квадратни, внатрешен простор, но и прекрасно уредена тераса, се протега еден до најубавите апартмани во Стокхолм, Шведска.
Малиот апартман, иако во примарна бела боја, изобилува со шарени детали, односно живи бои кои ќе му посакаат добредојде на било кој сопственик.
Полицата за книги во аголот на дневната соба ви го краде вниманието со нејзината колекција на книги во разни бои, но и украсни шишиња на врвот. Таа од едната страна продолжува во модерната кујна, а од друга страна излегува на терасата која е прекрасно украсена и дизајнирана за престој.
Некаде зад циглите, се скриени бањата и спалната соба, кои како и дневната соба се изложени на многу светлина, што носи позитивна енергија.
На крајот, големата тераса надополнува за покомпактниот апартман.