Уживање во Њујорк, со стил
Стилски, современ стан кој се наоѓа во Њујорк, дизајниран уште во 2006 година. Со средства од 2 милиони долари, овој стан е опремен во необичен стил кој е прифатлив за секој кој би сакал да ужива во градот кој никогаш не мирува.
За опрема на ова живеалиште употребени се само скапи и префинети материјали како махагони дрво, бел мермер, бронза и нерѓосувачки челик.
Мешањето на животински принтови, дрво и метал е навистина одлично вклопено со огромна умешност и храброст. Покрај едноставните парчиња мебел, додадени се екстравагантни ниски маси, фотелји и декорации.
Ова место е создадено за секојдневно уживање. Од утринската светлина, до вечерниот поглед кој е извонреден.
Кој не би посакал да се разбуди во центарот на градот кој никогаш не спие?