Летни навики кои треба да ги практикувате и на есен

letni-naviki-koi-treba-da-gi-praktikuvate-i-na-esen

Температурите полека ќе почнат да се спуштаат, а нас сè уште некако не држи летното чувство. Кои летни навики треба да си ги сочувате и за во ладните денови?

1. Јадете сезонска храна. Консумирањето сезонско овошје и зеленчук е најдобро одржување на линијата. Држете се подалеку од нездравата храна. Можеби сезоната на доматите е при крај, но есента си носи плодови како тикви, јаболки, брокули...

2. Движете се повеќе во текот на денот. Не престанувајте со активности. Иако не планирате скоро да облечете купачи, продолжете да вежбате и да се движите.

3. Заштитете се од сончевите зраци. Иако зрачењето е најсилно во летните денови, кожата треба да биде заштитена и во текот на есента во сончевите денови. Можеби не да претерувате со креми за сончање, но мала заштита е добра идеја.

4. Останете хидратизирани. Сите знаеме дека е паметно да се пијат поголеми количини вода, а за ова стануваме свесни кога се високи температурите. На есен, не чувствувате толкава потреба за вода, но хидратацијата на организмот и понатаму е важна за да функционира добро.

5. Заштитете се од комарци. Во лето комарците се посебно напорни, но останете заштитени и во првите есенски денови.

6. Вежбање во вода. Затворените базени се одлично место да го одржите духот од летото. 30 минути умерено пливање согорува 230 калории. Може да практикувате и аква аеробик.

7. Девојките да останат средени. Посетата на козметички салони, маникир и педикир е задолжителна и за зимската сезона.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg