Мали домаќински совети кои ќе ви се најдат
Малите домаќински совети се секогаш добредојдени. А, велат: Кога некој ќе сподели нешто вредно со вас од кое ќе имате корист, споделете го и вие со другите:
- Ако имате проблем со мравки: Мравките мразат краставици. Ставете лушпа од краставица онаму каде што се појавуват.
- За да добиете бистри коцки мраз: Зовријте ја водата пред да ја замрзнете.
- За да ви сјае огледалото: Исчистете го со Sprite.
- За да отстраните мастика од облека: Држете го парчето еден час во замрзнувач.
- За белите алишта да останат бели: Потопете ги во врела вода со парче лимон 10-тина минути.
- За сјајна коса: Додадете при миење лажичка оцет, а потоа исплакнете ја со вода.
- Како да исцедите максимум сок од лимонот: Потопете го во жешка вода еден час, а потоа исцедете го.
- Како да избегнете непријатен мирис при готвење зелка: Во садот со зелката ставете парче леб.
- Како да не ви солзат очите при сецкање кромид: Џвакајте мастика.
- Како да отстраните дамка од мастило од облека: Истријте ја дамката добро со паста за заби. Оставете да се исуши комплетно, па потоа исперете ја.
- Како брзо да излупите сварен компир: Ставете го во сад со ладна вода веднаш откако ќе го извадите од водата.
- За спас од глувци: Посипете црн бибер. Бегаат од него.
Ако имате уште некоја добра „финта“ од оваа област, споделете ја со нас во коментарите.
-->
Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото)
Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец
Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите
Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден
Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви)
„Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо
Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...