Боите на сладоледот: Ледени овошни десерти
Искористете ја сезоната на лубеници и капини и подгответе освежувачки ледени десерти. Пробајте и уживајте!
Сорбе од лубеница
Потребно е
- 1 kg зрела лубеница, 100g темен шеќер, 3 лажици цеден сок од портокал
Подготовка
- Лубеницата исчистете ја од семки и исечете ја на коцки. Додајте шеќер и сок, па сето тоа добро измешајте го во блендер за да добиете кремаста смеса. Сорбето ставете во соодветен сад и држете го во замрзнувач неколку часа.
Ледени капинки
Потребно е
- За сорбе: 250 g капинки, 100g вода, 100 ml кефир, 1 лажицa шеќер.
- За пире: 250 g капинки, 50ml вода, 50 g шеќер и за декорација 50g капинки.
Подготовка
Измиените боровинки пасирајте ги во блендер, Додајте зовриена вода со шеќер и кефир. Смесата ставете ја во сад и оставете ја во замрзнувач 20 минути. За пире ставете да се варат капините со вода и шеќер, па блендирајте ги и изладете ги во фрижидер. Во чаши разлијте го прво пирето од капини и одозгора ставете по една лажица сорбе. Украсете со капини кои неколку минути стоеле во замрзнувач.
Летна овошна салата
Потребно е
- 500 g зрела лубеница, 400g зрела диња, 5-6 праски, шеќер.
Подготовка
- Извадете топчиња од лубеницата и дињата со модла за сладолед, а праските исечете ги на тенки парчиња, па добро изладете ги. Во сад за служење наредете ги топчињата лубеница и диња, па украсете ги со парчиња праска. На крај посипете со шеќер.