Среќа во несреќа: Таксист освоил Ламборџини
Супи Абдула мора да е истовремено и најсреќниот, но и најтажниот таксист на светот, бидејќи иако само што освои Lamborghini Gallardo LP550-2, вреден околу 200.000 евра, тој мора да го продаде за да го прехрани семејството.
Ова се случило во Соединетите Арапски Емирати, кога 44-годишниот Супи сосема случајно во некоја наградна игра бил извлечен од 250.000 илјади други учесници и го добил италијанскиот „ѕвер“.
Абдула на работа вози Toyotа, но никогаш не поседувал сопствен автомобил. Ова веројатно и никогаш нема да се променил бидејќи тој реши да го продаде скапиот автомобил за да може си ги среди домашните финансии, бидејќи потекнува од многу сиромашен крај.
По договор, автомобилот ќе остане во трговскиот центар каде го освоил Абдула, додека не се најде некој купец за Ламборџинито од 542 КС.
Сепак, нас едно не „мачи“. Што земја ќе беа тие ОАЕ кога во најобична лотарија можеш да освоиш Lamborghini Gallardo LP550-2?!