Случајно открила дека сопругот е сопруга
Минати Катуа, од Индија, цела година живеела во брак, за да открие дека всушност нејзиниот сопруг не е маж, туку жена.
„Го импресионираше цело мое семејство и тие веднаш се согласија да договориме брак. Дури го доби и традиционалниот мираз – автомобил, злато и пари“, изјавила таа за локалниот печат.
Сè во бракот функционираше како што треба, освен фактот дека младите сопружници една година немале речиси никаков физички контакт.
„Секогаш кога ќе сакав да водиме љубов, тој ми одговараше дека посветеноста кон религијата не му дозволува интимност со жена. По неколку месеци почнав да се сомневам“.
Тоа ја довело Минати да ја разбие заклучената врата од купатилото во кое се капел нејзиниот „сопруг“ и да утврди дека е во брак со жена.