Растителна фасада
Музејот San Telmo сместен во стариот дел на Сан Себастијан, Шпанија, одржа лекција за почитување и зачувување на старото и успешно пренесување на културното наследство во 21 век.
Соединети, новата зграда и реновираниот манастир од 16 век, минаа низ успешна метаморфоза подготвена од архитектите Nieto & Sobejano кои покажаа како урбаните стурктури може да се приспособат на околината.
Судирот меѓу стариот манастир што функционира како музеј уште од 1932 година и модерната конструкција за новото крило е омекнат со растителна фасада.
Ѕидовите на новиот дел се покриени со перфориран челик зад кој расте мов, а решението е дело на уметниците Leopoldo Ferrán и Agustina Otero.
Зеленилото што ѕирка од музејскиот ѕид под ридот Urgull прикажува извонредна соработка меѓу луѓето и природата.