Нека му ја мислат апашите во Романија
Отсега апашите во Романија ќе треба не два, туку пет пати да помислат пред да почнат да бегаат од романската полиција, бидејќи во нејзините редови деновиве службено влезе еден од најбрзите автомобили во Европа - Jaguar XFR.
Се работи за автомобил со сила од 510 КС и V8 мотор. Jaguar XFR до стотка забрзува за 4,9 секунди и не застанува додека не постигне максимална брзина од 250 km/h.
Со овој новитет, романската полиција ќе ги покрива главните автопати во државата (A1, A2, A3), а најинтересен е податокот што државата овие автомобили не ја чинат апсолутно ништо. Локалниот авто-дилер „Premium Auto“ им го отстапи овој модел на шест месеци, со тоа што полицијата ќе си плаќа само за гориво.
Со Jaguar XFR, романската полиција им се придржува на повеќе европски полиции кои во своите редови имаат ѕверови како Порше, Ламборџини, Ферари, Бугати и сл.