Како делуваат боите на хороскопските знаци?
Сите ние имаме омилени, но и такви бои поради кои се чувствуваме депресивно, додека одредени бои не смируваат и ни даваат енергија.
И нашата емоционална состојба често пати се опишува со реченици како што се „бел како дух“, „зелен од завист“, „црвен од бес“, „гледа низ розови очила“.
Бојата инаку е особина на светлината, вид на зрачење како што се на пример ултравиолетовото и микробрановото зрачење, но зрачењето на брановата должина на обоената светлина ни е видливо, додека другите не се.
Оган
Огнените знаци, Овенот, Лавот и Стрелецот, треба да избегнуваат храна со црвена боја, а повеќе да јадат храна со сина боја, како што се на пример сливите и грозјето и тоа најдобро во комбинација со жолта боја, пример пченка, банана, ананас, лимон, диња, јајца, путер.
Земја
Земјените знаци, Бикот, Девицата, Јарецот, од своето мени би требало да ја исфрлат портокаловата боја, а да јадат црвена храна, како на пример, црвена зелка, патлиџан, капини, цреши, рибизли, ротквички, џигер, црвено вино, во комбинација со зелено, пример спанаќ, блитва и грашок.
Воздух
Воздушните знаци, Близнаци, Вага, Водолија, би требало да избегнуваат храна со жолта боја, а во нивното мени треба да биде застапена зелената храна: спанаќот, зелената пиперка, зелката, грашокот, во комбинација со грав и целер, како и сината храна како сливите, грозјето и боровинките.
Вода
Водените знаци, Ракот, Скорпијата и рибите од своето мени би требало да ја исфрлат храната со црвена боја, освен црвениот зеленчук. Исто така би требало да не претеруваат со консумирање на џигер и месо. На нив поволно делува храната со портокалова боја: морковот, портокалот, тиквата, кајсиите, жолчката, во комбинација со млечни производи.
Црвената боја буди и поттикнува на акција, а успешно делува и на последиците од изгоретини, акни, бори и уморна кожа.
Зелената боја ги ублажува последиците на стресот, ја смирува надразнетата кожа и ја поттикнува циркулацијата. Одењето во природа каде што доминира зелената боја не смирува, не полни со енергија и не ослободува од стресот.
Портокаловата боја релаксира, го поткрева расположението и ја поттикнува сексуалноста, делува на регенерација на кожата го поттикнува метаболизмот.
Жолтата боја го подобрува расположението, поттикнува на акција, ја зголемува концентрацијата, поволно делува на работата на органите за варење. Фината нијанса на жолта боја во просториите го стимулира интелектот.
Сината боја го ублажува чувството на болка, особено на главата, вратот и грбот, а ефикасна е и при терапија на несоница и регулација на телесната тежина.
Виолетовата боја делува на лимфниот систем и помага при терапија против целулит. Ја поттикнува креативноста, духовноста и ја подобрува инспирацијата.
Розовата боја смирува, ја отстранува агресијата и позитивно делува на насилното однесување па се користи во затворите.