10 Фенг Шуи правила за уредување на домот
Фенг Шуито се темели на одлични принципи за уредување на домот. Ова се неколку правила кои треба да ги следите при распоредување на ентериерот.
Имајте на ум дека:
1. Помалку е повеќе. Ако се ослободите од вишокот мебел – ова е добар почеток. Одржувајте го станот уреден и без непотребни парчиња мебел.
2. Клучот е во боите. Важно е да сте окружени со бои кои вам ви се допаѓаат и кои ви будат позитивно расположение.
3. Водата е добра. Фонтаните ја стимулираат вашата креативност. Водата е древен симбол за богатство и благосостојба.
4. Свежиот воздух е задолжителен. Застарениот воздух во просториите е лош за вашата енергија. Практикувајте големи прозорци и редовно проветрување.
5. Растенијата внесуваат смиреност. Растенијата имаат смирувачко дејство и зрачат со силна енергија. Одлични се и за прочистување на воздухот.
6. Огледалата го прошируваат просторот. Огледалата создаваат илузија на вашиот простор, па се одлични за канцеларии и ходници. Исто така, внесуваат и светлина во домот.
7. Часовник. Треба да стои правилно, сместен во кујна или дневна соба. Во ходникот не се препорачува.
8. Одржувајте го станот чист. На сите ни е потребен беспрекорен проток на енергија, а тоа е невозможно ако станот е неуреден.
9. Спалната соба е важна. Во спалната соба енергијата треба исто време да биде и смирувачка и возбудлива. Исфрлете ги електричните апарати и креирајте апсолутно опуштена атмосфера.
10. Кујната нека биде ведра. Во кујната потребно е да има многу светлост. Ова може да го постигнете со комбинирање неколку извори на светлина. Според Фенг Шуи принципите се препорачува да одберете жолта кујна.