Слатко искушение во Њујорк
Во срцето на Менхетен, сместена е најшарената продавница која можете да ја замислите, наречена “Dylan’s Candy Bar“. Преполна со необично дизајнирани слатки е сонот на секој човек, без оглед на годините.
Дилан Лорен, ќерката на Ралф Лорен, својот наследен талент го искористила на многу иновативен начин. Таа од 2001 година создава еден сладок и неодолив свет за сите посетители на Dylan’s Candy Bar.
Овој бар за слатки располага со околу 7.000 различни видови на бонбони и чоколади. Најголем број се оригинални креации на Дилан Лорен, додека некои се имитација на веќе добро познатите слатки како вртените лижавчиња или пак бонбоните изработени со помош на производителите на M&M бонбоните.
Dylan’s Candy Bar важи за една од задолжителните дестинации на секој посетител на Њујорк.