Паметен начин да го искористите талогот од кафето
Ако уживате во пиењето турско кафе, сигурно не знаете што да правите со големата количина на талог кој останува во филџаните.
Но, ако мислите дека постојано треба да го фрлате талогот, се лажете. Талогот од кафето можете да го употребите на неколку корисни начини.
Пилинг
Помешајте го талогот од кафето со мед за да направите пилинг кој можете да го користите за тело и лице и кој на вашата кожа ќе и даде убав сјај. Исто така овој пилинг е одличен начин за решавање на целулитот. Задолжително пробајте!
Маска за коса
Втријте го талогот во косата пред да ја измиете со шампон и оставете некое време да постои пред да ја исперете со вода. Оние со светла коса би требало да ја избегнуваат оваа маска, но на останатите, по неколку третмани косата ќе им биде сјајна и послушна.
Ѓубриво
Талогот од кафето помешан со вода е одличен начин за дохранување на земјата на домашните билки.
Освежувач на просторот
Ставете го талогот во сад, па поставете го во одреден делот од станот за да ги отстраните непријатните мириси, како што е на пример фрижидерот или кантата за ѓубре.
Средство за чистење
Ако садовите ви се многу извалкани, талогот од кафето ќе го реши проблемот. Истријте го садот кој сакате да го исчистите, но внимавајте тој да не впива боја. Исто така, ако сакате да му дадете нов сјај на дрвениот мебел, помешајте го талогот со вода, премачкајте го мебелот и оставете да делува некое време. Потоа избришете со чиста крпа.
Средство против каснување на инсекти
Втријте го талогот на местата кои што сакате да ги заштитите од каснување на инсекти, бидејќи мирисот од кафето ги одбива.