Лубеница во чаша

lubenica-vo-casa-01

Ако веќе пробавте салата со лубеница, сигурно ќе уживате и во ладен коктел од омиленото летно овошје. Освежете се со безалкохолен коктел преку ден и по зајдисонце само дополнете со вотка или џин :)


Леден чај со лубеница

lubenica-vo-casa-1

  • 1,5 - 2 l вода
  • 8 - 10 ќесички чај
  • лубеница на ситни парчиња
  • малку свеж босилек
  • мраз
  • шеќер (по желба)


Сварете чај (вкус по желба) и оставете да се излади, прво на собна температура, па во фрижидер.

Пред служење додадете ги парченцата лубеница и ливчињата босилек во бокалот.

Ако сакате помешајте и шеќер по вкус или парченца лимон и служете во чаши со мраз.


Лимонада коктел

lubenica-vo-casa-2

  • 500-600 g лубеница
  • 350 ml лимонада
  • 10 g свежо нане


Исецкајте ја лубеницата на поситни парчиња за да може да ги исчистите семките, па иситнете ја во блендер заедно со лимонадата.

Вмешајте го нането и служете со мраз.

Ако сте распложени за алкохолен коктел слободно дотурете 100-120 ml вотка, џин или текила.


Лимонада коктел 2

lubenica-vo-casa-3

  • околу 1 kg лубеница
  • 150 ml цеден лимон (или зелен лимон)
  • мраз
  • вотка (по желба)


Исецкајте ја лубеницата на поситни парчиња за да може да ги исчистите семките. Ставете ја во блендер со свежо цедениот лимон и сосема иситнете.

По потреба додадете некоја лажица вода и/или уште малку цеден сок по вкус.

Префрлете ја течноста во бокал со мраз. Служете во високи чаши, украсете со тркалца лимон (или лимета) и ако сте расположени за алкохолен коктел слободно дотурете вотка.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg